Мицкоски задоволен од имплементација на проектот „Безбеден град“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е задоволен од досегашната имплементација на проектот „Безбеден град“.

Како што вели, потврда се и бројките за нула загубени човечки животи во сообраќајни незгоди во декември годинава во однос на истиот период лани. 

„Морам да кажам дека ако се спореди декември 2025 со декември 2024 година ќе дојдеме до еден параметар кој нас не прави задоволни и среќни бидејќи во Скопје во декември 2024 година поради сообраќајни незгоди животот го загубиле пет лица, а оваа година ниту едно. Значи, примената на апликацијата го дава резултатот. Вкупниот број на лица кои го загубиле животот во сообраќајни незгоди во 2024 година е 142 лица, а во 2025 година е 131 лице со драматично намалување на бројката во декември. Тоа значи дека и во градовите каде нема инсталирано вакви уреди, внимателно возат, но и на автопатите каде има инсталирано ваков тип на уреди“, изјави Мицкоски. 

Мицкоски не очекува се да функционира беспрекорно, но најавува дека системот ќе се надоградува.