Не постигнавме многу успех во донесувањето одлуки, но сега е време за напредок. Верувам дека новата Европска комисија и Урсула фон дер Лајен ја препознаваат потребата за храбри акции, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за Си-ен-ен, зборувајќи за иднината на Европската Унија.
За вториот мандат на Доналд Трамп и подготовеноста на Европа, Мицотакис рече дека „пораката требаше да стигне порано“. Тој додаде дека извештајот на Драги е силно предупредување за потребата Европа да обезбеди своја стратешка автономија и конкурентност. Овие препораки веќе се дискутираат на ниво на Европскиот совет, а Мицотакис чувствува зголемена динамика и потреба за донесување клучни одлуки.
На прашањето за поддршка на носење одлуки со мнозинство, премиерот истакна дека поддржува разгледување на извештајот на Марио Драги, но ако тоа подразбира мнозинско донесување на одлуки, земјите треба да го задржат правото на приговор за критични прашања како националната безбедност, надворешната политика и одбраната.
