Поранешната министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи се огласи на нејзиниот „Твитер“ по повод обраќањето на дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска под името Република Македонија. Таа прашува дали сега Владата ќе ја разреши Петровска поради загрозување на европската иднина?
„Дали чинот на давање изјава под името Република Македонија на дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска е само пред избори или и се виде напорна работата,па бара куртул од маките?Ќе ја разрешите ли Петровска заради загрозување на европската иднина?“, прашува Мизрахи.
Дали чинот на давање изјава под името Република Македонија на дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска е само пред избори или и се виде напорна работата,па бара куртул од маките?Ќе ја разрешите ли Петровска заради загрозување на европската иднина? pic.twitter.com/sq5ol4GdA3
— Рашела Мизрахи (@mizrahiraselaMK) June 11, 2020
