Младиот фудбалер на Барселона во шок откако видел како изгледа на популарна видеоигра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати, е хит во оваа сезона. Штотуку почна да игра во огромна форма, сепак, за негова несреќа се повреди па ќе мора да паузира одреден период.

Сепак, додека, е на рехабилитација, младата ѕвезда често посегнува по видеоигрите, а кога видел како изгледа на популарната ФИФА 21, се шокирал, признаваат неговите другари.

Фати од видеоиграта, воопшто не личи на вистинскиот. Сепак, тоа можеби има влијание што Барселона нема договор со компанијата која ја прави оваа видеоигра.

Фати има 18 години, и во меѓувреме стана и шпански сериозни репрезентативец. Има потекло од фудбалската школа на Барса, а лани стана најмлад стрелец во Лигата на шампионите.