Младите со белодробни болести поради пушењето, на крајот на јануари се очекуваат анти-пушачки мерки од МЗ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дневно околу 50 пациенти пушачи ја посетуваат Клиниката за пулмологија. Ова го потврди доктор Зекирија Шаини, кој изрази загриженост бидејќи пациентите се многу млади. А кога им советува да не пушат, тие му велат дека не можат, вели Шахини.

-На рана возраст имаме пациенти со белодробни заболувања, при што причинител е пушењето. Со жалење велам дека секој пациент кому му советуваме да ги остави цигарите, неговиот одговор е “не, не можам“. Затоа сметам дека треба да се организираат предавања за пациентите во врска со последиците од пушењето-рече Шаини.

Пушењето е главен причинител на белодробни заболувања и болести на срцето, вели пулмологот Шаини.

„25% од смртните случаи во светот во текот на една година се од пушење. Пушењето се одвива активно – кога човек сам пуши,и пасивен начин – луѓето околу него го вдишуваат чадот од тутунот, а третиот начин на пушење е кога ние со облеката стоиме во локали каде што се пуши и со истата одиме дома и на тој начин индиректно им наштетуваме на децата дома, кои не се виновни што вдишуваат чад од тутун и никотин, кој останува на нашата облека“, изјави Шаини.

Но, дали ќе продолжи пушењето на затворените тераси на локалите се очекува да се види на крајот на јануари кога ќе се воведат мерки против пушењето од Министерството за здравство.

„Декларацијата би се потпишала од сите земји од Западен Балкан на настан на кој ќе биде присутен и регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге во текот на 2024 година. Декларацијата значи дека унифицирано ќе се бориме за да воведеме мерки со кои ќе ја намалиме употребата на тутун на нашите граѓани.“, велат од Министерство за здравство.

Една од целите е да се елиминира пасивната изложеност на тутун, никотин и неникотински производи на сите затворени јавни места, работни места и јавен превоз до 20 декември 2025 година.

Северна Македонија е критикувана и за пушењето во извештајот на Европската комисија за 2023 година.

-Не е постигнат напредок во контролата на тутунот. Иако институционалните и правните структури се во голема мера во согласност со регулативата на ЕУ за пушење на јавни места, тие не се систематски спроведувани и сè уште се толерира, не се санкционира, особено во рестораните и другите установи, па дури и во некаде на затворени места. Северна Македонија сè уште го нема ратификувано Протоколот за елиминирање на нелегалната трговија со тутунски производи“.

Инаку, според анализите на Аналитико, кај нас тинејџерите почнуваат да пушат на 13 години. Според СЗО, повеќе од осум милиони луѓе годишно умираат од пушење, повеќето од нив во земјите со низок и среден приход.