Многу постапки, но училиштето во Визбегово го нема никаде, Царовска ја префрла топката кај Министерството за транспорт и Општина Бутел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Беа дадени многу ветувања, но местото каде требаше да се гради школото во Визбегово е се уште празно. Минатата недела Владата даде зелено светло за изградба на ова училиште. Дури првиот вицепремиер, Артан Груби, на Фејсбук напиша дека се надминати сите пречки за изградба на училиштето во Визбегово.

„Со Министерството за образование и Министерството за транспорт ги надминавме сите пречки за изградбата на училиштето во Визбегово, додека на денешната владина седница се изгласа и програмата за капитални инвестиции, вклучувајќи го овде и училиштето во Визбегово заедно со училиштето во Блаце.“, напиша Груби.

Но, министерката за образование, Мила Царовска, нема исто мислење. Вели дека се уште постои дискусија меѓу Општина Бутел и Министерството за транспорт и врски.

Од Министерството за транспорт и врски, за ТВ21, велат дека имале средба со претставници на МОН, каде побарале од МОН и Општина Бутел да ги завршат сите постапки и потоа крајниот збор ќе го даде Министерството за транспорт и врски. Додека институциите ја префрлаат топката од една институција во друга, учениците од Визбегово продолжуваат да следат настава во училиштата во другите општини.