Мнозинството на жителите на Швајцарија се за одлуката да се забрани пристап до социјалните мрежи за деца под 16 години, покажуваат резултатите од студијата на Институтот Сотомо.
Околу 80 проценти од анкетираните Швајцарци гласале за забрана на социјалните мрежи за лица под 16 години, објавува порталот СВИ.
Поддршката за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата е речиси иста, а резултатите укажуваат на потребата од воведување дополнителни мерки за заштита на децата на интернет.
