МНР: Граѓаните кои ќе бидат вратени во земјава со чартер летови, ќе имаат обврска да си ги платат авионските карти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за надворешни работи информира дека граѓаните кои ќе бидат вратени во земјава со чартер лет, ќе имаат обврска да си ги подмират авионските карти.

„Со оглед на притисокот врз буџетот предизвикан од кризата со коронавирусот, Владата одлучи граѓаните кои ќе бидат вратени во земјата со чартер летови организирани од државата, ќе добијат обврска за плаќање на своите авионски карти. Во моментов се разгледува можноста за одложено плаќање на рати“, велат од МНР.