Еден пар од Јужна Кореја е обвинет дека го оштетиле делото на уличниот уметник ЏонУан (JonOne).
Апстрактното дело долго седум и високо 2,4 метри, се проценува на пола милион долари, а ЏонУан пред публиката во насликал во 2016 година во Сеул.
Кога делото било префрлено во галеријата на големиот трговски центар, се пренесени канти со боја која исто така се сметаат за дел од уметничката инсталација.
Надзорните камери снимале момче и девојка како ја користат бојата и „интервенирале“ на сликата, пренесува „Ројтерс“.
„Нашите вработени приметили дека некој го оштетил уметничкото дело, па повикавме полиција. Тие ги одзедоа четките и бојата како доказ. Веднаш обезбедивме снимки од надзорните камери на кои се гледа како младиот пар бои, па заминува“, вели Канг Вук, управител на Галеријата.
Парот најпрво бил уапсен, па потоа пуштен, затоа што надлежните во галеријата одлучиле дека станува збор за забуна со оглед дека парот мислел дека боите се оставени за публиката да може да слика.
