Шестгодишно момче со индиско потекло кое живее во Англија, Сид Синг, во својата градина пронашол фосил стар околу 488 милиони години.
Момчето Сид Синг за Божиќ доби опрема за лов на фосили. Така, тој имал среќа да најде вреден фосил во градината на неговата куќа во Валсал, кога бил во потрага по црви.
„Наидов на оваа карпа што изгледаше малку како рог и мислев дека може да биде заб, нокт или рог, но всушност тоа беше дел од корал наречен корален рог. Бев навистина возбуден од тоа “, рече Сид за тоа како дошол до ова важно откритие.
Таткото на Сид, Вик Синг, изјавува дека момчето пронашло корален рог и неколку помали парчиња покрај него, а потоа следниот ден отишол повторно да копа и пронашол зацврстен блок од песок. Во тој блок имаше куп мали мекотели и школки и нешто што се нарекуваше криноид, остаток што личеше на нога од лигњи.
Синг беше во можност да ги идентификува фосилите благодарение на помошта од Фејсбук групата за фосили, чиј член е и тој.
Членовите во групата го идентификувала откритието како корал Ругос, за кој се проценува дека е стар меѓу 251 и 488 милиони години.
„Периодот во кој живееле овие корали се движи од 500 до 251 милиони години во ерата на палеозојците“, објасни г. Синг.
Англија во тоа време беше дел од Пангеа, единствен континент и беше под вода.
Семејството Синг се надева дека Геолошкиот музеј на Универзитетот во Бирмингем ќе каже нешто повеќе за ова откритие.
