Конфликтот на Блискиот Исток кој придонесе за енормно зголемување на цените на нафтата и на горивата, беше главна тема во вечерашното издание на Бизнис 21.
Гости беа Ванчо Узунов, професор на УКИМ, Синиша Наумоски – универзитетски професор и Нухи Алиу – претседател на Комората на северозападна Македонија.
Ги прашавме дали сега зголемувањето на минималната плата е можно после оваа криза.
„Тоа значи прво дека аргументацијата на Синдикатите добива на значење, но невозможноста на визнис секторот и Владата да го задоволи тоа барање е зголемено, затоа што конфликтот е заострен“, рече Узунов.
Наумоски кажа дека економијата не би можело да го издржи тоа покачување.
Алиу, пак, коментираше дека минималната плата би можела да се зголеми врз основа на добра анализа од добри експерти.
„Ако се зголеми минималната плата, дали има такви компании што не може да ги зголемуваат приходите. Да се зголеми минималната плата, но врз основа на продуктивност. Треба да се зголеми врз основа на добра анализа од добри експерти“, изјави Наумоски.
