Можеме ли да ја надминеме кризата без поддршка од ЕУ? Одговора професорот Реџепи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Колку ЕУ и земјите членки добро се справуваат со финансиската криза, и колку без поддршката од ЕУ ќе може да се надмине оваа криза? Одговор на ова прашање даде професорот Гадаф Реџепи вечерва во ЕУ КЛИК.

-Од еден аспект на почетокот недостигаше солидарност меѓу европските држави, имаше многу забелешки од Италија, кога Италија чекаше помош од Европа, прва даде помош Албанија, и стана пример за тоа дека солидарноста е вредност  во вакви случаи која ги обединува народите. Кризата што ја зафати ЕУ по Брегзит и екстремното зголемување на национализмот, настана криза која сега повторно стана нагласена со еден вид егоизам кој на почетокот се појави во европските држави по појавата на пандемијата. Но подоцна се чини дека државниците и германската канцеларка Меркел понудија помош на другите држави кои не беа подготвени да се соочат со толкав број заразени пациенти, како што беше Италија. Некаде прочитав дека само 5 илјади легла имала Италија за тешки случаи на заразени. Кога бројот на заразени порасна на десетици илјади, како и на починати, тогаш дојде до израз европската солидарност, помошта која Германија и другите држави и ја понудија на Италија. Ова беше тест за Европа, тест кој е многу важен бидејќи има хуман елемент, дека не е Унија само заради економски и политички интереси, туку во овој момент Европа треба да покаже и убеден сум дека ќе го направи тоа, да покаже дека е Унија на луѓе кои се солидаризираат, заедно. Самиот термин Европа како континент има историја на многу поделби, и ако погледнеме на светската карта, Европскиот континент е најрасцепкан на држави, во споредба со другите континенти ние сме мали. Значи поделбите биле многу големи, големи биле предизвиците, и мислам дека овој тест конечно ќе ги зближи повеќе Европејците да покажат повеќе солидарност државите од Северот во ова соочување со пандемијата, како што направија некои од Нордиските држави, особено Скандинавците,  да се применува тоа и во другите држави и таа солидарност ќе го зголеми чувството да се биде Европеец во државите на ЕУ, но и кај нас како држава кандидат со помошта и солидарноста со одредени фондови кои ни се дадени и до кои ќе имаме пристап сега кога треба да ги почнеме пристапните преговори.