Мртво женско лице пронајдено во Зрновци, причината за смртта не е позната!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово во Зрновци било пронајдено мртво женско лице, а причината сѐ уште не е позната.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локацијата каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент, починатата не е идентификувана, а причините за нејзината смрт сè уште не се утврдени.

Од страна на обвинителството ќе биде наредена обдукција за да се утврдат точните околности на смртта и да се преземат сите соодветни законски мерки“, велат од ОЈО.

Истражните дејствија продолжуваат, а полицијата и натаму ја обезбедува локацијата.