Му доцнел авионот, па од компанијата бара 600.000 долари отштета

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Николас Овојеми, кој живее во Стејтен Ајленд, Њујорк, ја тужеше „Ер Франс“ и побара отштета од 600.000 долари затоа што летот му беше одложен и тој не можеше да стигне до погребот на својот брат во Нигерија.

Како што е наведено во судските документи на Врховниот суд на Стејтен Ајленд, Овојеми тврди дека доцнењето на летот на оваа авиокомпанија му предизвикало значителен „емоционален и финансиски стрес“, пишува New York Post.

Тој требаше да лета на 20 септември од аеродромот Џон Кенеди во Њујорк до аеродромот Шарл де Гол во Париз, од каде што требаше да продолжи за Лагос, Нигерија.

Сепак, летот за Лагос бил одложен, поради што тој и неговиот придружник биле принудени да преноќат во блискиот хотел, правејќи дополнителни и неочекувани трошоци.

Овојеми во Лагос пристигна на 21 септември во еден часот по полноќ, наместо во 21.40 часот претходниот ден.