Мајка му го дала телефонот на 7-годишниот син да си поигра, тој направил огромна сметка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно седумгодишно дете на својата мајка и приредил непријатно изненадување, откако му дозволила да си поигра со нејзиниот телефон.

Малиот Германец за кратко време успеал да потроши 2,753 евра на купување на видеоигри и други содржини, објави центарот за советување на потрошувачи во Долна Саксонија.

Детето покрај пристапот на мобилниот телефон, добил и приступ на ваучер. Сепак, мајката заборавила дека нејзината кредитна картична е „врзана“ за ваучерот. А детето направило огромна сметка…