Мухамед Зекири назначен за генерален секретар во Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешната седница Владата на Северна Македонија го именуваше Мухамед Зекири за генерален секретар на Владата.

Тој на својот Фејсбук профил се заблагодари за довербата.

„Денес од Владата на Република Северна Македонија бев именуван за нејзин Генерален секретар. Огромна чест и уште поголема професионална обврска на патот кон реализација на зацртаната Програма за нашата држава. Благодарам за довербата!“, пишува Зекири

Имено, Зекири неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието веќе ја констатираше оставката.