Муртезани е новиот генсек на Влада – Трајанов, Грчева меѓу новите кадровски решенија на Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата денеска на седница донесе нови кадровски решенија, дознава ТВ21 од свои извори.

Па така, досегашниот заменик генерален секретар на Владата, Тахир Хани е разрешен од должноста, но и понатаму ќе зема плата односно, денеска на владина седница му е утврдено правото на плата по престанување на функцијата до стекнување на право на старосна пензија.

На негово место доаѓа Хасим Муртезани.

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов денеска е именуван за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, сметано од 1.8.2024 година.

Лидерката на Глас за Македонија, Солза Грчева пак е именувана за Национален координатор за реформи во високо образование.

Исто така, се разрешува в.д. директорот на Државен архив, Христа Најданов, а на нејзино место именувана е Наташа Котлар.

Седницата на Влада моментално е на пауза, а за другите точки ќе се разговара во текот на попладнево.