Муртезани: Го разбираме чувството на македонските сограѓани дека не ги гледаат со ентузијазам уставните измени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани во емисијата Дејли Клк на ТВ21 рече дека го разбираат расположението на македонските граѓани кои не гледаат на процесот на уставни измени со ист ентузијазам како кај Албанците. Муртезани рече дека во разговорите за формирање на новата Влада инсистирале на уставни измени.

„Како што сега знае пошироката јавност, ние како коалиција ВЛЕН, и за време на изборната кампања и во периодот кога разговаравме за формирање на Влада, една од клучните точки на кои упорно инсистиравме е евроинтеграцијата, поточно уставните измени. Но, овде целосно го разбираме сентиментот на нашите сограѓани Македонци кои не гледаат на овој процес со истиот ентузијазам како ние“, рече Муртезани во Дејли Клик.