Муслиманите утре слават Курбан Бајрам – Фетаху: Со колење курбан им служиме на другите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Муслиманите утре го слават празникот Курбан Бајрам, важен ден за верниците, бидејќи се совпаѓа со завршувањето на објавата на Куранот, но и времето кога верниците го извршуваат петтиот услов во Исламот – хаџот на светите места.

Празникот се одбележува со колење курбан, со што се докажува верата на верниците, одделувајќи од своето богатство за да го коли својот курбан, како посветување кон Создателот.

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху во својот честитка, рече дека празникот е резултат на радоста, посветеност кон човештвото, хуманоста, моралот, мирот и достоинството.  Сиромаштијата, скудноста, дискриминацијата, убивањето, војната, аморалот се најлошите особини што можат да му се случат на човештвото, додава тој.

„Да се изврши Божји заповед, – колењето на курбан, значи висока духовна и морална подготовка за да им служиш на другите за едно живеење без злоупотреба, кражба, корупција, неморал, деструктивноста и да бидеш достоинствена личност за да ја носиш светата доверба во семејството и општеството со одговорност и жртвување на труд, знаење и чест, само за една цел, остварување на Аллаховиот идеал кој го движи протокот на доброто во текот на човечкиот живот“, посочи Шаќир Фетаху.