Муцунски на средба со Петрова-Чамова: Македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не може да бидат предмет на преговори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова – Чамова, на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Шведска, при што разговарале за билатералните односи, европската интеграција и регионалната соработка.

Како што соопшти Министерството, Муцуски истакнал дека прашањата поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на преговори, воедно барајќи решение за спорот што го попречува отворањето на преговорите со Европската унија. На средбата се разговарало и за значењето на Коридорот 8, отворањето на граничниот премин „Клепало“ и почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија.