МВР ќе вршни контроли во приватни куќи и вили во Сопиште и Соње поради коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата вечерва донесе одлука со која се задолжува МВР да ги зголеми контролите во Сопшите и Соње за спречување на собири и ширење на коронавирусот.

„Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири (во општина Сопиште и  во населеното место Соње), со цел да се преземат мерки за спречување на ваквите собири, а кон сопственикот на објектот и присутните лица затечени во објектите да се преземат соодветни законски мерки заради непочитување на мерките и препораките на Владата“, соопштувата од Владата.