МВР информира дека и покрај зголемениот број барања во летниот период, издавањето патни исправи се одвива непречено. Во јули биле поднесени околу 55 илјади барања за лични документи. Термин за редовна постапка граѓаните добиваат за еден до два дена, а документите најдоцна за седум дена.
Од МВР велат дека организациските мерки овозможиле пократки рокови и покрај зголемениот број граѓани од дијаспората. На иселениците им се препорачува навреме да ја проверат важноста на документите и барањето за нов пасош да го поднесат веднаш по пристигнувањето во земјата.
