МВР со соопштение за пукотницата во Љубош – физичка пресметка завршила со употреба на огнено оружје, приведени четири лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 14.01.2021 во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект на во с.Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу Н.К.(68) и Х.К.(32), кои биле со патничко возило „голф“, од една страна и Н.Р.(48) и М.Р.(30), кои биле со патничко возило „шкода“, од друга страна, при што било употребено и огнено оружје.

Притоа со повреди се здобиле Н.К. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Четирите лица се лишени од слобода, а обезбедени се и нивните возила и оружјето.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.