Министерот за здравство Беким Сали рече дека второто полугодие ќе започне со физичко присуство, додека како превентивна мерка здравствените власти ќе продолжат да вршат скрининг на учениците, односно тестирање за Ковид-19.
„Според нашите податоци, во овој момент нема да има потреба од онлајн настава, бидејќи епидемиолошката состојба се менува секој ден“, рече Сали.
12 илјади родители од иницијативата „Стоп за носење маски“ најавија дека ќе ги носат децата на училиште без маски. Не можеме да ги осудиме родителите за оваа постапка, но апелираме да се почитуваат протоколите, рече министерот за здравство.
