„На 1 ТВ платив 150 илјади евра за рекет“, рече Камчев на сведочењето за „Меѓународен сојуз“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Орце Камчев денеска сведочеше за случајот „Меѓународен сојуз“. Тој најпрво побара да биде изземен од светок, но откако Обвинителството и судот не дозволија, тој даде исказ.

Потоа беше испрашуван од обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Камчев рече дека префрлил 150 илјади евра на 1ТВ за т.н. пи-ар услуги, иако тоа било класичен рекет.

„Од две фирми од холдингот, на 1ТВ беа уплатени 150 илјади евра“, рече Камчев.

Јовановски: „За што?“.

Камчев: „За рекет. За Р-Е-К-Е-Т“.

Претходно Камчев кажа дека Боки му понудил некаков договор за старечки домови, за кои проценил дека бројките кои што се на договорот, не соодејствуваат со проценките, и тука приметил дека „Меѓународен сојуз“ е чиста заблуда.

Камчев претходно истакна дека Боки ја злоупотребувал власта, му велел дека имал врски во сите министерства, и му покажувал заеднички фотографии со премиерот.