Една од првите холивудски ѕвезди, легендарниот глумец Кирк Даглас, почина ноќеска на 103 годишна возраст. Одигра повеќе од 90 улоги, од тоа 75 филмски.
Веста за смртта ја потврди неговиот син Мајкл Даглас.
„Со голема тага моите браќа и јас ве известуваме дека Кирк Даглас не напушти на 104 годишна возраст. За светот тој претставуваше легенда, глумец во Златното доба, хуминитарец, посветен на правичноста“, напиша Мајкл Даглас.
Американскиот продуцент е роден на 9. декември 1916 година во американската сојузна држава Њујорк.
Кирк се женел два пати, има четири сина од кои најпознат е продуцентот Мајкл.
