На 109-годишна возраст почина мексиканската баба која го инспирираше познатиот лик на Мама Коко во анимираниот филм на Пиксар – „Тајната на Коко“.
Марија Салуд Рамирез Кабаљеро стана позната како Мама Коко по објавувањето на Coco’s Secret во 2017 година.
Во анимираниот филм, кој ги истражува традициите на мексиканскиот празник Ден на мртвите, Мама Коко е прабаба на главниот лик Мигел.
12-годишниот Мигел е пренесен во светот на мртвите, каде што бара помош од починатиот прапрадедо, музичар, да го врати кај семејството и да ја укине забраната за музика на неговото семејство.
RiP the real #mamacoco 💖🙏🏼 https://t.co/J5mfNnend2
— ❥Ivette🌺 (@nenaa818) October 16, 2022
Сличноста меѓу мексиканската баба и мама Коко е многу голема.
Студиото за анимација Pixar потврди дека отпатувало во неколку мексикански држави за да ги документира традициите на Денот на мртвите. Членовите на тимот дури живееле со неколку локални семејства, вклучувајќи го и семејството на Марија Салуд Рамирез. Сепак, таа никогаш не доби признание за нејзиниот придонес во филмот на Пиксар.
Вистинската мама Коко е родена во 1913 година. Таа го посветила својот живот на керамиката заедно со нејзиниот сопруг и одгледала три деца кои и дале десетици внуци и правнуци. Таа почина во истиот град каде што е родена – Санта Фе де ла Лагуна, во мексиканската држава Мичоакан.
