На 22 април започнува изградбата на Коридорот 8 – Ковачевски: Сè е предвидено на 400 страници, да ги разочараме скептиците!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За 22 април е најавен почетокот на изградбата на коридорот 8, но местото и другите детали се уште не се познати. Иако новинарите инсистираа да дознаат повеќе од кое место ќе започне изградбата, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски рече дека сите детали ќе бидат познати навреме.

Но што ќе се случи доколку проектот и работите не се одвиваат според превидениот план. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека се е предвидено со договорот од 400 страници кој е потпишан меѓу Владата и изведувачот.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека е убеден дека ќе се изградат коридорот 8 и 10Д и дека ќе мора да ги разочара скептиците, бидејќи, како што вели, освен големите инфраструктурни проекти, исто така земјава ќе стане членка на ЕУ.