На 350 000 вакцини против Ковид 19 ќе им истече рокот до крајот на годината. Нови нема да се набавуваат заради слабиот интерес за вакцинирање. Неделно министерот вели се вакцинираат 1000 граѓани, додека според податоците на Институт за јавно здравје бројката е 300 граѓани. 120 милиони евра од Светска банка ќе бидат пренаменети за современа опрема во болниците наместо за вакцини.
„Обезбедувањето на тие ваквцини значи ние плачаме вакцни кои нема да ги користиме и наша одлука е да не се набават, зашто не може да ги искористиме. Тие средства ќе бидат наменети за секторот здравство. Немеме таков договор за да плаќаме пенали, договорот е отворен. Со тоа што ние сме обезбедиле кличина која можеме да ја набавиме а не см обврзани“, изјави министерот за здравство, Беким Сали.
Во многу институции до крајот на годината се очекува да стигне медицинска опрема вели Беким Сали со која ќе им се пружа напредна здравствена услуга, која во моментов пациентите не ја добиваат, бидејќи опремата е дотраена или здравствениот кадар не е доволно обучен.
„Овој пакет за сега изнесува 12 милиони евра. Ние веќе работиме интензивно на дисперзија на здравствената услуга која е централизирана во Универзитетски клинички центар“, вели Сали.
И покрај слабиот интерес од страна на нашите граѓани, Европскиот амбасадор Дејвид Гир го потенцираше значењето на вакцините против Ковид најавувајќи дека после настанот ќе се вакцинира со 4-та доза во поликлиниката Букурешт. Пристигна и новата опрема за складирање и транспорт на вакцини.
„Од медициснка страна ова исто така вклучува испорака на медицнска испорака која живот значи. Вклучително 25 механички вентилатори , 35 комплети на медицинска опрема и над 2 милиони компелти за лична медицинска заштита. ЕУ има испорачано 100-ци 000 вакцини. А во оваа пригода Северна Макеоднија прима опрма за транспорт и складирање на самите вакцини“, рече евроамбасадорот Дејвид Гир.
Гир потенцираше дека за време на целиот процес во борбата против Ковид 19 ЕУ помогнала во обезбедување на повеќе од 241 милиони евра во Итна медицинска помош за справување со Ковид 19.
