Оваа мајка се израдува на одлуката на Владата за отворање на градинките на 9-ти септември. Бидејќи самата е здравствен работник, а сопругот работи во приватниот сектор, вели дека ќе го носи детето во градинка. Овие 6 месеци за детето се грижела баба му.
„Треба да сум присутна на работа. Здравствен работник сум и не ми следува ослободување од работа за дете под 10 годишна возраст, а сопругот е во приватна фирма, меѓутоа е на раководна позиција и исто така не му следува бидејќи треба да е физички присутен на работа.“.
Не чувствува опасност што детето и се враќа во градинка, бидејќи смета дека протоколите се добри.
„Мислам дека е во ред.“
Како оваа мајка, враќање во гардинка побарале уште околу 600 други родители. Од градинката Фидани уверуваат дека се преземени сите мерка за да се реализира наставниот процес со мерки против Ковид-19.
„Можам да кажам дека над 160 родители донесоа потврди. Зборувам за млади родители, а постарите доставија над 400.“, вели Накије Сејдини.
-Имате ли доволно простории за реализирање на наставата и во овие услови?
„Да, ги имаме сите услови. Кревети, чаршафи кои треба да бидат со резерва по два пара. Објектите и собите ги уредивме. Дезинфицирани се“
Мерките предвидуваат децата пред да влезат во градинка да ги дезинфицираат обувките на влезот и да им се измери температура. Ако температурата е под 37, му се дезинфицираат рацете и детето влегува во градинката.
„Во моментот кога детето влегува во градинка, ги собува обувките. Ги става во шкафче. Средство за дезинфекција има и на влезот. Во моментот кога детето влегува во училница, повторно ги дезинфицира нозете на ова место и учителката му ги дезинфицира рацете, вака детето е подготвено да следи настава во градинката. Како што може да се види и столчињата се на растојание. И тука има средство за дезинфекција бидејќи воспитувачката постојано ќе им ги дезинфицира рацете на децата.“, јавува репортерката на ТВ21.
Играчките и килимите се отстранети од градинките, а децата ќе можат да си играат на отворен простор, објасни министерот Венко Филипче. Министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска рече дека доколку во една градинка има голем број деца и нема доволно простор, тогаш ќе бидат преместени во најблиските градинки.
Во цела држава во градинките можат да се едуцираат 19 илјади деца, а над 14 илјади родители изразиле интерес да ги носат децата во градинка. Едукацијата на децата во градинките ќе им биде дозволена само во случај двајцата родители да се на работа или доколку станува збор за самохран родител.
