На децата со аутизам потребна им е поголема поддршка – Родителите и експертите: недостиг на стратегија и кадар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Децата со аутизам имаат потреба од посветеност и љубов, но истовремено поседуваат голем потенцијал за развој, ако се дијагностицираат и третираат на време. Ова го изјави Африм Бајрами, родител на дете со посебни потреби, кој нагласи дека покрај зголемувањето на бројот на случаи, институционалната поддршка останува недоволна, особено поради недостиг на професионални асистенти.

„Исто така, и оние институции кои се претставуваат дека се занимаваат со деца со посебни потреби, за жал, многу од нив не се доволно професионални или не се квалификувани како што треба, или се испратени таму без нивна желба и изгледа дека работата ја вршат со должност, има огромни пречки“, рече Африм Бајрами.

Психологот Арбер Кадриу истакна дека постои преголем страв кај родителите од аутизам, и апелираше за рана дијагноза преку професионалци.

„Првите години се околу 3 години, кога обично се среќаваат проблеми или абнормалности во однесувањето кај децата: недостаток на контакт со очи, потоа кај говорот има различни форми, понекогаш децата стануваат импулсивни, имаат хиперактивност и чувства на агресивност“, вели Арбер Кадриу.

Институционалниот претставник Аритон Рама ја посочи дилемата за недостаток на долгорочна стратегија, прашувајќи како овие лица ќе се интегрираат во општеството и на пазарот на трудот по детството.

„Ние ја третираавме само ситуацијата со децата со аутизам, но дали гарантиравме дека по детството, ако тие пораснат, како ќе се снајдат во животот? Како ќе биде интегративниот процес во системот, како ќе биде интегративниот елемент на пазарот на трудот, дали ќе работат или ќе се развиваат, нема секогаш стандард на емоционална грижа на родителите.“, вели Аритон Рама.

Овие прашања беа дискутирани на настанот „Аутизмот во општеството – Подигнување на свеста и делување“, организиран во Општина Чаир, со цел подигнување на свеста и поттикнување на конкретни активности за поддршка на лицата со аутизам.