Шпанските власти соопштија дека заплениле седум тони кокаин скриени во бродски контејнери закопани под фарма, при што биле уапсени тројца осомничени шверцери.
Полицијата објави видео од заплената, на кое се гледа како полицајците копаат во земјата и извлекуваат десетици пакети со дрога, објави CBS News.
Полицијата соопшти дека операцијата ја започнала во петокот, на 27 декември, кога открила два сомнителни глисери на устието на реката Гвадалкивир.
Чамците биле следени до рурален имот во општината Корија дел Рио, јужно од Севиља, каде што осомничените ја чувале дрогата во два контејнери скриени под земја.
Цивилната гарда, која објави дека тоа е најголемата заплена на кокаин шверцуван со глисер во јужниот дел на Шпанија.
ФОТО: Архива
