На фудбалерот кој колабираше му вградија дефибрилатор, сега ќе мора да си замине од Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едоардо Бове, фудбалерот на Фиорентина кој колабираше на меч против Интер во Серија „А“ на 1. декември, беше опериран и му беше вграден дефибрилатор.

Се покажа дека Бове за време на мечот претрпел срцев удар, како последица од миокардитис, воспаление на мускулното ткиво на срцето.

Вградувањето на дефибрилатор ќе значи дека Бове ќе мора да ја напушти Италија, затоа што законите во оваа земја не дозволуваат настап на професионално ниво со дефибрилатор. Истото беше и со Кристијан Ериксен кој мораше да си замине од Интер, и да се пресели подоцна во Брентфорд, па во Манчестер Јунајтед.