АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Од таму велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
