Венко Филипче на прес-конференцијата денеска соопшти каква е состојбата на пациентите кои се на Инфективната клиника.
„На клиника на инфективно се хоспитализирани 41 пациент, 7 се во потешка здравствена состојба, но не се на респиратор, 27 се средно тешки, и 7 со поблаги симптоми. Стабилна е состојбата и пациентите во Штип. “, рече Филипче.
