На Карил прокапувало во магацински простор, не во делот за пациенти – ВМРО-ДПМНЕ: „Тоа не е гаража да се зачисти со џогер“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По поплавувањето на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување познатата Карил од ВМРО-ДПМНЕ загрижени ја прашуваат директорката Маја Мојсова што се превзело за безбедно лекување на пациентите. Со ова според нив беше ставен надвор од употреба клучниот објект во здравството, бидејќи пациентите беа препраќани во други градови и болници.

„Ова не е обична гаража или подрум од каде треба да се испумпа водата и да се зачисти со џогер. Доколку Клиниката била поплавена од излевање на атнмосферска канализација или друго води до степен да препраќа пациенти тогаш овде се работи за многу сериозен и темелен процес за враќање во функција.“, вели Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали се направени микробиолошки испитувања и проверка на инсталацијата за која се врзани апаратите за пациентите? Директорот на Клинички центар Александар Трајановски вели се прават анализи и наскоро и оние 7 кревети од вкупно 21 кои не се во функција ќе бидат ставени. Додава дека практика е микробилошки испитувања секојдневно да се прават и од воздух и од под, не само заради настата ситуација.

„Моментално се проверуваат сите елетрични дефекти на тие места кај што се појавија, додека да се испита нема пациенти на 7 кревети“, рече Александар Трајановски, директор на Клинички центар.

Трајановски објаснува дека не бил поплавен делот каде се хоспитализирани пациентите, туку прокапувало во дел од магацински простор.

„Тоа е дел од магацинскиот простор, таму нема контакт со пациентите. Еден дел од магациснкиот простор е зафатен со вода и моментално се санира така да тука нит лежат, пацинети нит има пацеинти, бидејќи струјното коло е до него затоа предистражно се исклучени тие неколку кревети“, вели Трајановски.

Карил функционира нормално- вели Трајановски со намален интензитет и вчера и денеска имаше прием. Пациентите се безбедни нема поголем проблем – додава тој.Како што ви е познато на Карил е строго забрането влегување, па не можевме и со видео да ви доловиме што се случува.