На локални избори ДПА ќе оди самостојно – Тачи: Не сме силни, инаку коалиција со ДУИ никогаш

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ е таа која направи повеќе за Албанците, отколку ДУИ смета претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Тој во интервју за ТВ21, вели дека доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да дојде на власт, мора да направи промени.

„Оваа опозиција без да промени речник кон Албаците и без да промени речник кон многу важни процеси кон државата како што е НАТО и Европска унија, нема доаѓање на Власт. Нема доаѓање на власт“, истакна Мендух Тачи.

Според него, партијата на Ахмети била атракција за изигрување на последната фаза на фолклор и романтизам, како и злоупотреба на Албанците.

„Таквото политичко однесување за жал не успеа да се казни кај Албанците. Малку виновноста и одговорноста ја сносам како директен конкурент на ДУИ, сите овие години. Зошто не успеав да ги победам, но сигурно и другите сносат одговорност“, додаде Мендух Тачи.

Вина вели Тачи дека нема за тоа, но чувствува одговорност и грешка. Вели дека се зависи од тоа, како се гледа чашата.

-Дали би влегле комбинација коалиција ДУИ и СДСМ?

„Не! Со ДУИ не. Не со ДУИ никогаш. Ние сме реков пред малку единствена политичка партија која е здравиот конкурент на ДУИ“, посочи Мендух Тачи.

-Но, вие сте со ДУИ во коалиција?

„Немаме политичка моќ да му се наметнуваме на премиерот, или немаме политичка бројка  да му кажеме по никоја цена со ДУИ. Бројките се такви. Инаку да би имале политичка моќ и математика во пратеници, ние никогаш не би влегуваме во коалиција со ДУИ“, додаде Мендух Тачи.

На локалните избори партијата на Тачи ќе оди сама, за како што вели самиот тој, да покаже колку е силна партијата ДПА. За свртување грб на социјал-демократите засега не размислува.