На македонски автопат уапсен грчки државјанин поради поткуп од пет евра на полицајци

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 01.08.2023 во 21.00 часот на автопатот Демир Капија-Неготино од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово бил лишен од слобода Л.В.(21) од Грција, кој управувал товарно возило „волво“ со полуприколка, со грчки национални ознаки. При вршење на контрола на документите кои возачот ги дал на увид, тој ставил банкнота од пет евра како поткуп. Л.В. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Неготино, а по насоки на Јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.