На Михаел Шумахер ќе му биде направена нова операција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од кобниот пад во декември во 2013 година на скијање, малку се знаат работи околу ситуацијата со Михаел Шумахер кој е во лоша здравствена состојба.

Но, според информациите, нему ќе му биде направена нова операција на мозокот. Станува збор за трансплантација на матични клетки. Тоа го потврди и Филип Менаш, познатиот доктор.

„Станува збор за операција со која ќе се регенерира централниот нервен систем“, рече Менаш.

Од декември 2013 година кога се повреди на скијање, Шумахер е во лоша состојба, и трансплатација е единствената шанса за да се подобри неговата ситуација.