На осомничените за убиството на малата Данка им е продолжен притворот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На Д.Д.(50) од село Злот и на С.Ј.(50) од село Лука, на осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор им е продолжен притворот, соопшти Вишото јавно обвинителство Заечар.

Од Обвинителството накратко потврдија дека и на Д.Д. и на С.Ј. им е продолжен притворот, до 26 септември, кога истекуваат шест месеци, што е рокот за покренување обвинение и нивно останување во притвор, пишува Курир. 

„Обвинението може да се поднесе подоцна, но како краен рок е наведен 4 октомври, од причина што доколку дотогаш не го сторат тоа, принудени се двајцата да ги пуштат од притвор, што претпоставувам дека нема да се случи поради сложеноста на самиот случај“, наведува изворот на Курир и потсетува дека осомничените остануваат зад решетки бидејќи се уште постои ризик од бегство.