На ова ЕУРО паднаа ист број автоголови колку на сите претходни Европски првенства заедно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На вчерашниот натпревар помеѓу Хрватска и Шпанија, беше постигнат автогол на Педри, со што тоа беше автогол број девет на првенството. Интересно, исто толку автоголови имало на сите претходни првенства и ова е навистина неверојатен податок.

Прв стрелец на автогол е Анон Ондруш од Чехословачка во 1976 година. Следува Пенев на ЕП во 1996 година, па Говедарица во 2000 година. Тудор од Хрватска си постигна автогол на ЕП 2004, а на истото првенство во својата мрежа стрелаше и Андраде од Португалија. Глен Џонсон во 2012 година за Англија постигна автогол против Шведска, а во 2016 беа постигнати три автоголови: Кларк од Р. Ирска, Севарсон од Исланд и МекАули од С.Ирска.

На ова првенство автоголови си постигнаа Демирал, Шчесни, Хумелс, Диаш, Гереиро, Храдецки, Дубравка, Куцка и Педри.

Денеска нема натпревари на ЕУРО, односно има пауза пред 1/4 финалните натпревари.