На овој стадион во Германија може да го следите мечот во живо дури и додека сте во тоалет (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На стадионот „Мерцедес Бенз Арена“ во Штутгарт, Германија, може да гледате фудбалски натпревар и додека сте во тоалет. Имено, во тоалетот има мали прозорчиња, кои овозможуваат да се гледа мечот, и тоа во живо.

Повеќето стадиони во тоалетите имаат и ТВ екрани, за да оние кои ќе бидат во него не пропуштат нешто од мечот, но во Штутгарт тоа може да се прави со гледање во живо.

Интересно би било додека некој е во тоалет, домашниот тим Штутгарт да постигне гол. Како би се радувале оние кои се во него?

Описот на тоалетите на стадионот е на 1:15 на долното видео.