На патот Тетово – Попова Шапка има остатоци од кашаст снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема поголеми проблеми околу денешното одвивање на сообраќајот низ патиштата во Македонија. АМСМ информира единствено за остатоци од кашаст снег на патот Тетово – Попова Шапка, и од тука апелира на внимателност на возачите на тој патен правец.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по претежно влажни коловози. На патниот правец Тетово-П.Шапка (од с.Лисец до П.Шапка) на коловозот има остатоци од кашест снег по интервенција од дежурните служби на ЈП Македонијапат“, се вели во соопштението на АМСМ.