На Плетвар секаде по три ленти, решавање на јазолот околу Битола, најавува Бочварски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во „10 Минути“ на ТВ21 најави дека Плетвар ќе биде проширен со по три ленти.

„Очекуваме наскоро и за таа делница да имаме некакви опипливи информации за јавноста, како ќе се движи во идниот период оваа делница и оваа траса, секако и проширувањето на Плетвар со трета лента, секаде каде што ја нема, и решавање на јазолот околу Битола кон границата со Грција“, додаде Бочварски.