На плоштадот и оваа година најмалите – вечерва нема организирани прослави, останете со семејствата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„И покрај пандемијата со корона вирусот, гужва, еуфорија и празнична новогодишна атмосфера во центарот на Скопје. Ваква е сликата на плоштад Македонија на само неколку часа пред дочекот на Новата 2021 година“, истакна репортерката на ТВ21.

Оваа година веројатно беше најтешката година во животот на многумина. Година која сите ќе ја паметиме по пандемијата, маските и дистанцата. Милиони луѓе низ целиот свет ќе ја испратат на онаа место каде и го поминаа поголемиот дел од оваа година, во своите домови во кругот на семејството. Здравје и што побрзо да пројде пандемијата. Ова се најголемите желби на граѓаните кои ги сретнавме.

„Како сите што посакуваат, а најверојатно и вие, многу здравје, да помине пандемијата и да ги тргнеме маските и да се гушнеме“.

„Во оваа ситуација само добро здравје, се друго доаѓа“.

„Што посакувам? Здравје и среќа на цел народ, на сите“.

Најбројни и највесели на плоштадот во ценатрот на градот беа малите и најмилите. И тие ги кажаа своите мали новогодишни ѓелби.

ТВ21: Што сакаш да ти донесе Дедо Мраз?

  • „Сакам ласер со пиштол“.
  • „Јас сакам шноли и ластик да ми донесе Дедо Мраз“.
  • „Сакам голем џип. Багерче, пакетчиња со чоколадца“.

Нова година не може да помине без Дедо Мраз. И него го сретнавме на плоштад и го прашавме кои за желбите во  Новата година.

„Се знае, желбата ми е болеста корона да  ја снема. Сите што се болни да оздрават, тие што се здрави да не заболат, а дечињата ќе си ги добијат своите поклони Дедо Мраз што им ги носи стално“, вели Дедо Мраз.

ТВ21: Дали дечињата беа годинава умни и мирни?

„Годинава беа посебно паметни и умни затоа што мораа малку да поседат дома. Јас сум презадоволен од тоа што тие си ги извршуваа своите работни задачи дома“, посочи Дедо Мраз.

Дедо Мраз порача сите да ги почитуваме здравствените мерки, да носиме маски, да миеме раце и да држиме дистанца, затоа што како што рече, само така колективно ќе помогнеме побрзо да ја победиме болеста.