На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и пријавување на гласачи од дијаспората

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните од дијаспората уште денеска може да направат увид во Избирачкиот список и да се пријават за престојните претседателски и парламентарни избори. До полноќ може да проверат, и доколку е потребно да направат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список.

Од Државната изборна комисија ДИК) апелираат граѓаните да извршат проверка и доколку има потреба да побараат промена.

Според податоците на ДИК, заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, увид во своите податоци во Избирачкиот список направиле 4859 лица. Седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и пет лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.

Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.