На Тетово му е потребна помош – Касами: Очекуваме поддршка од владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Тетово бара од Владата што поскоро да им помогне на тетовци. Касами бара чистење и дезинфекција на улиците и јавните површини но и оштета за граѓаните кои претрпеа штета од поплавите.

„За жал се уште немаме одговор и не можеме да чекаме бескрајно. Ангажиравме противпожарна единица заедно со комуналното претпријатие да спроведат дезинфекција на улиците и јавните површини. Ќе продолжиме да чекаме од владата да не поддржи во процесот на дезинфекција на јавните и приватни површини и училиштата, бидејќи времето е топло и не очекуваме владата да ги помине сите тие процедури. Дента кога беше пожарот за жал на владата и требаа 6 часа за да реагира. Јас би ја замолил владата да реагираме што побрзо бидејќи времето е топло и отпадот и отпадните води навлегуваат во куќите на тетовци а ние не можеме да чекаме бескрајно“, рече Касами.

Касами вели дека бројот на граѓани кои бараат надомест од општина Тетово расте, а општинската комисија ги посетува домовите кои пријавиле штета. И кризниот штаб утре на состанок ќе утврди колку граѓани се оштетени. Според Касами, тие бараат владата да ги обесштети во целост граѓаните на Тетово.

-Ќе бараме покривање на цела штета но ќе видиме каков ќе биде одговорот на владата и така ќе дејствуваме, вели тој.

Вчера од Владата за ТВ21 рекоа дека во такви случаи се подготвени да им се помогне на граѓаните, вклучително и единиците на локалната самоуправа. Владата усвои одлуки за видот и висината на помошта. Во вакви случаи, општинските комисии за проценка на штета излегуваат на терен и изготвуваат записник. Потоа се подготвува извештај или елаборат кој се доставува до владина комисија за проценка и утврдување на штетата.