На УЈИЕ за испитите ќе одлучат студентите – ректорот Беџети: Повеќето се за онлајн испити, ризикот е помал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Испитите ќе се одржат онлајн или со физичко присуство. Така ќе ги реализираат испитите во јунскиот испитен рок на УЈИЕ. Повеќето се изјасниле за онлајн испити. Одлуката е донесена во координација со студентскиот парламент, вели неговиот претседател Агрон Демири.

„Ние студентите на УЈИЕ по неколку заклучоци и контакти со студентите ќе има случаи кога испитите ќе бидат онлајн, но ќе има и случаи кога ќе се одржат со физичко присуство според сите протоколи за да не биде загрозен ниту еден студент.“, вели Демири.

Онлајн испити се одржаа и во априлската испитна сесија, затоа нивното реализирање не е нешто тешко ниту за ректоратот ниту за студентите, вели ректорот Абдулменаф Беџети. Бидејќи претходно состојбата почна да се нормализира, Владата даде дозвола универзитетите испитите да ги одржуваат со физичко присуство. А зошто се одржуваат онлајн, причините ги објаснува ректорот Беџети.

„Имаме два модалитети. Првото сценарио е за сите студенти кои не можат да патуваат или не се во состојба да дојдат во кампусот од икс причини. Студентите од Дебар или Струга треба да патуваат со јавен транспорт и да бидат изложени, затоа никако не се дозволува да бидат изложени како и студентите кај кои е констатиран Ковид-19.“, рече Беџети.

Јунската испитна сесија носи и еден друг предизвик, ќе покаже на кое ниво се одвивала наставата.

„Имавме претходни искуства и затоа образовниот процес е поместен за еден ден во онлајн процесот како и процесот на онлајн настава беше функционален, продуктивен, но останува да потврдиме каква била наставата и тоа ќе се покаже на сесијата“, изјави Беџети.

Испитите во кампусот ќе се одржуваат на отворено, со физичка дистанца и носење маски. Освен испитите, онлајн се одржаа и предавањата од втората половина на летниот семестар. Ректорот Беџети вели дека на почетокот студентите биле позаинтересирани да се вклучат на предавањата, но со текот на времето интересот почнал да слабее. Дали може да влијае онлајн наставата на создавањето на неписмен дипломиран кадар, Беџети не мисли така, туку како што вели, времето било кратко, а предизвикот голем, ќе се види од септември кога не се знае како ќе се одвива образовниот процес.