Владата ги разреши Тозија и Хајредини – назначи нови директори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Крапош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Тешка кражба во скопски трговски центар – МВР приведе две лица

На 16.01.2021 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две малолетни лица...

На вечерашната владина седница разрешени се директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија и В.Д. директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, Шпенд Хајредин.

Донесени се и одлуки за назначување на нови директори:

– Член на Одборот на директори на АД ВОДОСТОПАНСТВО на Македонија е избран – Васко Стефанов.

– Јована Тренчевска е именувана за вршител на должност директор на Државниот инспекторат за труд.

– Дејан Павлески е именуван за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот.

– Абдуш Демири е именуван за директор на Агенцијата за вработување.

– Ана Петровска e именувана за в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина.