На 21.05.2021 околу 09.25 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека на Железничка станица„Смоквица“ се запалила локомотивата на патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Гевгелија.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Гевгелија, а на машиновозачот му е укажана лекарска помош од итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.
